После осум години подготовка почна да се гради автопатот Кичево-Букојчани стратешки дел од Коридорот 8, а инвестицијата е вредна 110 милиони евра, заем од Европската банка за обнова и развој.



За четири години проектот треба да финишира, со тоа ќе се спои Скопје преку новите автопати со Охрид, а патувањето ќе трае час и половина.
Оваа делница, долга 11,5 километри ќе се гради во две фази, најави директорот на ЈПДП Коце Трајановски.
Долно Строгомиште–Црвивци, во должина од околу 4,98 километри и Црвивци–Кичево, во должина од околу 6,53 километри.
Проектното решение предвидува по две сообраќајни ленти со ширина од 3,5 метри во секоја насока, лента за запирање со ширина од 2,75 метри, средишен разделен појас со ширина од 3 метри, две рабни ленти од по 0,5 метри и две банкини од по 1,2 метри. Проектната брзина изнесува 110 km/h.


Заедно со ЕБОР, ЕУ ја поддржува изградбата со над 20 милиони евра во грантови. Евроамбасадорот Рокас вели дека се цврсто посветени на регионалниот развој и зајакната економска соработка.
Во рамките на делницата е предвидена изградба на следните објекти:
Ќе се гради и клучка и обиколница во Кичево со што ќе се намали сообраќајниот метеж во градот.
По новиот автопат ќе се вози по две сообраќајни ленти во двата правци со 110 километри на час, ќе нема наплатни рампи.