Гаши: Идната недела внатрепартиски консултации за измените на изборниот законик

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Спикерот Африм Гаши на редовниот брифинг најави дека идната недела почнуваат внатрепартиските консултации за измените на изборниот законик кој запна кај гласањето на дијаспората.

Првиот човек на Собранието нема информации дали ќе продолжи со работа, работната група и дали Министерот за правда, Шасивари ќе свика нова средба за измените, но Гаши потврди дека како и претходно така и сега е подготвен да помогне.

Нови десет закони за кој ќе е потребен Бадентер пред пратениците ќе се најдат на 29 септември. Гаши очекува со дијалог да се надминат несогласувањата, тој веќе се сретнал со дел од пратениците.

Првата недела од Октомври во Собранието ќе се најде и предлог законот за минималната плата предложен од СДСМ. Гаши вели дека тој лично го поддржува ваквиот предлог за зголемување на минималецот.

Според него ќе има и епилог од анкетната комисија за Кочани. Додаде дека не го добил барањето на родителите на загинатите во трагедијата. Апелираше до партиите да предложат членови во комисиите.

Најнови вести