Во тек е координирана полициска акција на Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со секторите за внатрешни работи, на територијата на целата држава.
Акцијата е насочена кон сузбивање на криминал поврзан со дрога и оружје.
По завршувањето на акцијата ќе бидат споделени повеќе информации.
Повеќе детали МВР најавува за во текот на денот.