Пред малку заврши акцијата во која во с.Банско координирано ПШС Беласица Струмица во соработка со Шумската полиција Струмица откри, а заедно со КПУ “Затвор” – Струмица заплени поголема количина бесправно посечени огревни дрва, складирани во приватен двор.
За констатираните незаконитости ќе следува соодветна пријава против сторителот согласно законските прописи.
Во оваа конфискација учествуваа затворениците од КПУ “Затвор” – Струмица со кој ЈП “Македонски Шуми” има потпишано меморандум за соработка.