Во СВР Скопје вчера во 16:20 часот е пријавено дека на улица „50 Дивизија“ во Скопје настанал пожар во стан, сопственост на 46-годишната А.К. од Скопје.
Од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад, еден пожарникар бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.