Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на седницата на Централниот одбор на СДСМ, беше избран за потпретседател на партијата. Во обраќање од седницата, повика на сплотеност, меѓусебна доверба и заедничка работа.
Герасимовски упари повик до сопартијците: „Да се сплотиме. Да се исправиме. И да покажеме дека СДСМ има сила повторно да оди напред”.
Тој истакна дека различното мислење не треба да биде причина за поделби, туку поттик партијата да стане посилна. Според него, првиот чекор кон враќање на довербата кај граѓаните е членовите повеќе да разговараат, да се слушаат и да работат заедно.
На Централниот одбор на СДСМ во фокусот кадровски прашања и актуелната политичка состојба во земјава.