По претходно објавено видео на социјалните мрежи, вчера во 21:45 часот во Полициската станица Тетово сам се пријавил Р.Н.(62) од тетовско село.
По насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 од Кривичниот законик.
Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање на случајот.