Најмалку 60 лица се приведени за време на собир на Комунистичката партија на Русија, органзиран во спомен на загинатите бранители на зградата на парламентот во 1993 година.
На 4 октомври 1993 година, претседателот Борис Елцин нареди гранатирање на зградата на рускиот парламент, со што заврши пресметката со пратениците кои се спротивставија на неговиот декрет за распуштање на законодавниот дом.