Хрватското министерство за надворешни и европски работи им препорачува на хрватските државјани да ги одложат сите патувања што не се неопходни и да покажат зголемена претпазливост доколку се наоѓаат во Србија
Министерството го свртува вниманието кон предвремените парламентарни избори на 25 октомври, како и кон потенцијалните политички тензии и безбедносни ризици пред, за време и по изборите.
По извештаите во српските медиуми дека
во Србија се уапсени две лица кои
поседуваат хрватски пасоши, Министерството за надворешни и европски
работи на Хрватска, објави дека тоа
претставува продолжување на неоснованите обвинувања против Загреб, кои Белград ги користи за внатрешнополитички цели.
Вчера Србија организираше голема акција за спречување на организирана група која се подготвувала наводно да прави немири во Белград на денот на изборите.