Интерпол со помош на нов метод заснован на вештачка интелигенција (ВИ) идентификуваше 126 осомничени странски терористички борци за време на меѓународна операција спроведена од 1 до 5 јуни во Тунис, соопшти денеска меѓународната полициска организација.
Во операцијата „Шамс II“ учествувале 28 специјализирани агенти и експерти од 11 земји, Брегот на Слоновата Коска, Гана, Ирак, Кенија, Малезија, Нигерија, Филипини, Катар, Таџикистан, Тунис и Узбекистан, пренесе „Фигаро“.
Операцијата била спроведена во рамките на проектот „CT TECH+“, финансиран преку инструментите на Европската унија за надворешна политика, со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против тероризмот.