Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи предупреди, секоја нова воена акција против Иран ќе наиде на посилен одговор од претходно.
Шефот на иранската дипломатија нагласи дека Техеран останува подготвен за дипломатско решение за завршување на војната со САД.
Пред амбасадорите и претставниците на земјите и меѓународните организации во Техеран, министерот Абас Арагчи рече дека иранската делегација презентирала седумдневен предлог за решавање на постојните спорови за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Според предлогот, Ормускиот теснец ќе биде повторно отворен во рок од седум дена доколку планот биде прифатен.
,,Иран нема да ја отвори Ормуската теснина додека не се исполнат седумте услови поставени од Техеран во договорот со САД од јуни”, изјави претседателот на иранскиот Парламент и главен ирански преговарач во разговорите со САД, Мохамед Багер Галибаф.