Исланд гласа дали ќе ги продолжи преговорите за влез во ЕУ

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Референдум во Исланд за продолжување на преговорите за пристапување во Европската Унија. Исланѓаните гласаат „за“ и „против“ на прашањето: „Дали треба да се обноват преговорите за пристапување на Исланд во ЕУ?“.

Доколку бидат собрани мнозинство гласви „за“, преговорите би можеле повторно да почнат, а евентуалниот договор за членство би бил предмет на дополнително изјаснување на референдум.

Исланд, земја со речиси 400.000 жители поднесе апликација за членство во ЕУ во 2009 година, во период на сериозна финансиска криза, но преговорите беа прекинати во 2013 година поради политичките промени во земјата и несогласувања со Брисел особено околу квотите за риболов. Рибарството на Исланд учествува со 10 проценти од БДП и 40 проценти во извозот на земјата. Според оние што се „против“ членството, доколку од островската држава се бара да се приклучи кон Заедничката политика за рибарство на ЕУ, шпанските, холандските и британските рибари би можеле да ловат риба во исландските води, што за нив е неприфатливо.

 

 

 

 

Најнови вести