нато

ИТНО СЕ ОГЛАСИ РУТЕ: По нападите врз бродовите во Црното Море, НАТО е во состојба на готовност – „Го следиме секој потег!“

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Алијансата ќе продолжи тесно да соработува со своите сојузници во регионот на Црното Море по најновите напади во тоа подрачје, како и дека за ова лично разговарал со бугарскиот премиер Румен Радев.

– Веќе го зајакнавме нашето присуство долж источното крило на Алијансата и ќе продолжиме да ја следиме безбедносната ситуација, приспособувајќи ги, по потреба, мерките за одвраќање и одбранбената поставеност – напиша Руте на платформата Икс (X).

Петмина морнари се спасени од брод што потонал во Црното Море, во близина на крајбрежното село Крапец, во североисточниот дел на Бугарија, додека 11 лица се водат како исчезнати, соопшти регионалната управа во Добрич, повикувајќи се на информации од институциите што ја координираат спасувачката операција.

Бродот бил нападнат и потонал на оддалеченост од 17 наутички милји од брегот, спроти Крапец, се наведува во соопштението, пренесува бугарската агенција БТА.

Четворица морнари биле спасени и префрлени на еден брод, додека петтиот член на екипажот бил спасен од друг брод што се наоѓал во таа област.

Бугарскиот премиер Румен Радев претходно денес соопшти дека се регистрирани нови напади со дронови врз бродови во Црното Море.

Најнови вести