Избори во две сојузни покраини во Германија, нов тест за ЦДУ на Фридрих Мерц.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Германците денеска гласаат на избори во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, каде што според истражувањата најголема поддршка има Социјалдемократската партија на Германија (СПД), и во Берлин, каде што според анкетите најголема поддршка има партијата Левица.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германскиот канцелар Фридрих Мерц на изборите во Мекленбург-Западна Померанија едвај ќе го помине изборниот праг, додека на изборите во сојузната покраина Берлин ќе биде на второто место според поддршката од граѓаните, зад СПД, пренесува „Ројтерс“.

Малку е веројатно Алтернатива за Германија (АфД) да ја повтори победата што ја оствари на изборите во Саксонија-Анхалт на 6 септември, но се очекува резултатите во Мекленбург-Западна Померанија, претежно рурална сојузна покраина во поранешниот комунистички исток на земјата, како и во Берлин, да го покажат значителниот напредок што оваа партија го оствари во последните години.

Најнови вести