Изгаснат е пожарот во магацинот за бои и лакови кој се наоѓа близу „Железара“

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Според информации од Дирекцијата за заштита и спасување како и од Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот кој попладнево избувна околу 17 часот  во магацин за бои и лакови во близина на фабриката „Железара“ е изгаснат.

Интервенирале 20 пожарникари со шест противпожарни возила.

Од центарот за управување со кризи информираат дека до 18 часот во земјава биле регистрирани 17 пожари на отворен простор.

Под контрола е ставена огнената стихија кај Јасен.

Најнови вести