Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дециден, соборувањето на иранската влада останува „централна мисија“ на Израел. Тој потенциташе дека владата на Техеран е послаба од кога било и дека отстранувањето на заканата еднаш засекогаш е на дофат.
„Тие напаѓаат секого, само не нас. Тие ја знаат нашата сила, моќта на нашата рака и нашата решителност. Им велам на нашите непријатели воопшто, не се задевајте со нас. Ако сте научиле нешто, не се задевајте со нас. Имаме сила, решителност и внатрешно единство да ве победиме“, истакна израелскиот премиер.
Прерходно и министерот за одбрана, Израел Кац изјави дека ИДФ ќе ја уништи енергетската инфраструктура на Иран доколку биде нападната неговата земја.
„Нападот на Иран врз Израел ќе не ослободи од сите ограничувања. Ке удриме врз целата инфраструктура, вклучително и енергетиката, и ќе го вратиме Иран во камена ера и темнина”, рече Кац.
Заедничките американско-израелски
воздушни операции против Иран почнаа на крајот на февруари. Во нив беа таргетирани и елиминирани повеќе влијателни ирански генерали и високи политичари, меѓу кои и врховниот лидер, ајатолахот Али Хаменеи уште на самиот почеток на војната.