Сад

Јужната команда на САД одново нападна во Карипско Море

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американската Јужна команда соопшти дека извршила „смртоносен напад” врз брз пловен објект кој, според американските власти, се движел по познати маршути за криумчарење на наркотици во Карипско Море. Во нападот загинале четворица.

Станува збор за најновиот во серијата американски напади врз чамци за кои Вашингтон тврди дека се поврзани со крумчарење на дрога.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп тврди дека пловилата кои американските сили ги напаѓаат од септември 2025 година се користат за транспорт на наркотици.

Во нападите во Карипско Море и во источниот дел на Тихиот Океан досега загинале повеќе од 220 луѓе.

Најнови вести