Системот „Безбеден град“ денеска ќе биде пуштен во употреба и во Велес. Со неговото активирање се очекува да се овозможи постојан и засилен надзор на сообраќајот, побрзо откривање на прекршоците и зголемување на дисциплината кај возачите.
Премиерот Христијан Мицкоски придружуван од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе присуствува на поставување на камен-темелник на нова подземна катна гаража и плоштад во Општина Велес, како и на новите простории на СВР Велес.
Како што соопшти владината прес-служба премиерот по овој настан предвидено е да даде изјава за медиуми.