Македонија е на раб на пропаст и блокирана од Мицкоски и ВМРО, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во интервју за македнскии медиум. Каранфилова Пановска посочи дека претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е бетониран и не е никако загрозен.
Оттаму како што кажа Каранфилова Пановска, отворањето на преговарачката рамка со Европската Унија и создавањето нови билатерални преговори би значело дополнително одолговлекување на европскиот процес, додавајќи дека преговарачката рамка е усогласена со сите
27 земји членки на Европската Унија и дека во неа е утврдено прашањето за македонскиот јазик и идентитет.
„Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен кажа дека нашиот идентитет е бетониран, нешто што ние го зборуваме и го повторуваме со години наназад, и дека со ништо не е загрозен во европската интеграција, ниту било како поинаку, што ќе правиме ние, што ќе прави Муцунски во Софија оваа недела? Дали има намера да репреговара нешто околу преговарачката рамка? А со тоа и околу идентитетот? Нешто што е испреговарано и договорено со 27 држави членки, кое што при тоа го гарантира нашиот идентитет, ако е тоа клучниот проблем, согласно овој лажен патриотизам што го шири ВМРО, нема потреба ние тоа да го реотвараме, најмалку со соседна Бугарија. Ризикот од реотварање на тоа што е веќе дефинирано во преговорачката рамка е огромен, а второ прашање, кое што е објективно, како и да цени ВМРО и Муцунски по задача на Мицкоски да ја реотвара преговарачката рамка, тоа значи реотварање и репреговарање во сите 27 држави членки“ рече Каранфилова Пановска.
Каранфилова Пановска укажа дека повторното отворање на веќе договорената рамка би можело да има последици врз динамиката на европскиот процес.
„И што значи тоа? Дека ние ќе останеме блокирани вечно? Мислам дека ни е јасно што треба да направиме да не губиме времето и моментот. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ни кажа децидно дека со преговарачката рамка се покажува дека местото на Македонија е во Европската Унија,“ рече Каранфилова Пановска.