Автомобилска индустрија

Кина доминира на пазарот со батерии за електрични возила

Електричните автомобили постепено заземаат голем дел од европскиот пазар, особено по појавата на повеќе модели во пониски ценовни категории.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Продажбата на електрични автомобили во Европа достигна рекордно високо ниво. Од јануари до август биле продадени 1,64 милиони целосно електрични автомобили, што е раст од 45 проценти во однос на истиот период изминатата година.

Според извештајот на организацијата Транспорт и животна средина, електричните автомобили учествуваат со 22 процента во вкупната продажба на нови автомобили во ЕУ.

Изборот на електрични модели истовремено е зголемен за 50 проценти за само една година. Европските производители и натаму имаат најголем удел во понудата на електрични автомобили. Речиси 60 проценти од достапните модели доаѓаат од европски компании, додека кинеските производители имаат удел од 21 процент.

Кинеските производители и натаму имаат водечка позиција на глобалниот пазар на батерии за електрични возила, а седум компании од Кина се најдоа меѓу десетте најголеми производители во првите осум месеци од годинава. Седум кинески компании, во првите осум месеци имале заеднички удел од 73,3 проценти на глобалниот пазар, што е зголемување во однос на 69,7 насто во истиот период лани.

Најнови вести