Избрана новата Влада во Приштина, Курти повторно премиер.
Собранието во Приштина со 62 гласа „ЗА“ од вкупно 120 пратеници ја избра новата влада предводена од Аљбин Курти.
Курти го задржа досегашниот состав на владата, а прв вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора останува Коњуфца.
Министерството за враќање и заедници повторно ќе го води Ненад Рашиќ, лидер на партијата „За слобода, правда и опстанок“, а не претставник на Српската листа, најголемата српска партија во косовскиот парламент.