сдсм

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Осудениот С.З. познат како Симе не е во затвор. Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава. Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница.
СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски. Со години е во друштво на арамијата на обиколки по терен. Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари.Цела Македонија го видео како пука со калашников. Во друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме, рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Според партијата ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе слики и видеа, а институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори на прашањата.
Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски. Одговорност нема. Симе беше уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац. Очигледно Симе е пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница.
Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков“, посочија од партијата.

Најнови вести