Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска побара од Соединетите Американски Држави што поскоро да го ослободат поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро.
„На почетокот на оваа година, кршејќи ги сите норми, вклучително и моралните, инвазијата на САД врз Венецуела заврши со заробување на претседателот Мадуро и неговата сопруга и нивно држење без судење во американски затвор. Тоа се случи и покрај тоа што меѓународното право изречно наложува почитување на имунитетот и неповредливоста на највисоките државни функционери“, изјави Лавров на 81. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, пренесува РИА Новости.
Тој побара „што е можно поскоро ослободување на венецуелскиот лидер и неговата сопруга, како и ваквите инциденти никогаш повеќе да не се повторат“.