Лефков: Дали Филипче се загрижи за личните интереси во врска со дата центрите па затоа шири паника

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ на Венко Филипче продолжува со серијата со наслов  – ширење паника и хистерија меѓу граѓаните. Притоа видливо е непознавањето на основните работи кога станува збор за дата центрите или центри за податоци, или пак можеби само се грижи за личните интереси, изјави Миле Лефков.

„Филипче и СДС треба да знаат дека едно се  инвестиции од поединци како онаа во Пехчево, а друго е кога државата преговара за отворање на вакви дата центри.“

Лефков појаснува оти и премиерот Христијан Мицкоски во јавноста прецизно објаснил како би се одвивала процедурата кога станува збор за државата. Јасно кажа дека кога државата ќе преземе институционален чекор за изградба на таков објект, јавно ќе биде се презентирано.

Официјалните информации се и дека се преговара со пет или шест потенцијални инвеститори. Се разбира, притоа никако нема да се посегне по она што подразбира животна околина и животен стандард на граѓаните, а за што Филипче вели дека е загрижен.

„Дали можеби целата грижа кај Филипче е поради лични причини. Дали грижата се појави во момент кога Филипче виде дека нема да може валкано  со низа манипулации да се занимаат со ова луѓе блиски до него и до другар му Зоран Заев, како што тоа го правеа кога стануваше збор за марихуаната.“ вели Лефков.

 

Најнови вести