Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО Скопје лиши од слобода лице вработено во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Како што велат од МВР, апсењето следува по претходна пријава дека на сопственик на угостителски објект му биле побарани парични средства за да не му биде изречен прекршок кој што му бил констатиран при контрола во објектот
Осомниченото лице се терети дека ја злоупотребило својата службена положба за лична корист.