Таткото на младиот генијалец Македон Димитров со особена гордост ја соопшти веста дека на само 12 години неговиот син е примен во престижната Програма за талентирани млади при универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд.
-Програмата е наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.
По тестирањето, Македон го доби и престижното признание „Гранд Хонорс / СЕТ“, за исклучителни резултати по математика и вербални способности.
Grand Honors = највисоко признание за исклучително високи резултати во рамките на CTY тестирањето.
SET = Study of Exceptional Talent – програма/признание на Johns Hopkins за ученици кои постигнуваат исклучително високи резултати на тестирањата, значително над очекуваното за нивната возраст.
На само 11 години постигна и 1440 поени на САТ тестот – 740 по математика и 700 по читање и пишување.
Зад сите овие бројки и признанија стои едно нешто – огромна љубов кон знаењето.
Со повеќе од 20 златни медали од меѓународни математички натпревари, Македон продолжува да учи, да сонува и да ги поместува своите граници.
Како родители, не можеме да бидеме погорди.
Македон, продолжи да веруваш во себе.
Ова е само почеток, вели таткото на Македон, Владимир Димитровски.
