случајно испукан куршум

Малолетник ранет во стомак, две лица се самопријавиле во МВР и предале пиштол

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово вчера било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15 – годишен малолетник од с.Боговиње, тетовско. Подоцна, во Полициската станица Тетово се самопријавиле С.М.(42) и неговиот 16-годишен син, двајцата од с.Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка.

Според изјавата на С.М., настанот се случил околу 13:45 часот во с.Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетниот син. Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.

Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести