Манасиевски: Љупчо Николовски избега од соочување, очекувам одговори на поставените прашања

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Денеска имавме еден граѓански судски процес, во кој поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, воедно и поранешен вицепремиер за борба против корупција на Владата на Зоран Заев и поранешен генерален секретар на СДС, Љупчо Николовски, упати барање за извинување кон мене како граѓанин на државата, затоа што моите изјави му донеле душевна болка, а во барањето вели дека изјавите на една од моите прес-конференции кои сум ги имал биле неточни, поточно за кусокот на жито од Агенцијата за стокови резерви и за доделување на грант за фирмата „Тргопродукт“, попозната со брендот МАМАС на Заеви, од ИПАРД програмата вреден 1,4 милиони евра.

Имено, денеска Љупчо Николовски не се појави во судница, зошто не знам, и не дојдоа на суд со факти против фактите кои беа изнесени на прес-конференција, а тоа е дека додека тој е министер во Владата и вицепремиер на Заев, имало кусок од 2000 тони жито од стоковите резерви, а потоа е набавена скапа пченица за стоковите резерви и за тоа дека како член на владата било дадено 1,4 милиони на фирмата на Заеви под име „Тргопродукт“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо со факти да демантира, тој не дојде денеска на суд да каже дека моите тврдења душевно го повредиле и дека тој претрпел душевна болка.

Во продолжение изјавата на Валентин Манасиевски.

 

Најнови вести