европска унија

Марта Кос: Денеска ќе биде затворено уште едно преговарачко поглавје со Албанија, а ќе бидат отворени по две поглавја со Молдавија и Украина

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

„Како што процесот на проширување добива на интензитет, ќе разговараме со земјите членки за тоа како да обезбедиме нашата Унија да стане посилна додека се проширува. Затоа предложивме поцврсти механизми за заштита на владеењето на правото и реформи за поефикасна Европска Унија“, наведе Марта Кос во објава на социјалната мрежа Икс.

Марта Кос најави и дека на земјите кандидатки ќе им биде посакано добредојде во Европскиот центар за демократска отпорност.

„Многу од земјите кандидатки со години се соочуваат со хибридни закани. Нивното искуство може да ни помогне да ја заштитиме демократијата низ цела Европа“, изјави Кос.

Црна Гора вчера, на Меѓувладината конференција во Луксембург, затвори три преговарачки поглавја: поглавјето 17 – Економска и монетарна унија, поглавјето 18 – Статистика и поглавјето 19 – Социјална политика и вработување.

Најнови вести