Би била многу среќна ако го искористиме моментот на проширување и за Северна Македонија, изјави Еврокомесарката за проширување Марта Кос додавајќи дека верува во новата бугарска влада со која како што вели многу соработува.
Во изјава за бугарската БНТ очекува Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот, што го посочи како услов за продолжување на интеграциите.
Кос вели дека оваа есен ќе биде во знакот на проширувањето и дека Европската Комисија подготвува патокази за земјите кои се во напредна фаза во пристапувањето.
Еврокомесарката ги посочи Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина дека се најблиску до членство и дека тоа ќе биде мотивација за останатите држави од регионот меѓу нив и Македонија.
По усвојувањето на измените, Марта Кос очекува Бугарија да и даде поддршка на Македонија за продолжување на процесот.