Починат маж е пронајден во својот дом во општина Аеродром.
-На 12.09.2026 околу 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат В.М.(53). Од страна на лекар констатирана била смрт, информираат од МВР.
Извршен бил увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.