Претрес и четири апсења

Мажи од градот Куманово и од селата Романовце и Биљановце фатени со дрога

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, од слобода се лишени четири лица.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Четири лица се лишени од слобода во Куманово откако при претрес во домот на 45-годишен кумановец била пронајдена бела грутчеста материја, соопшти MBP.

Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и од мобилниот тим „Task Force” при СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.С. (45) од Куманово, Т.К. (45) од село Романовце, Н.А. (39) од Куманово и М.К.(39) од село Биљановце- наведува МВР.

При претресот во домот на Р.С., извршен со судска наредба, биле затекнати и останатите три лица, а биле пронајдени повеќе пакувања со бела грутчеста материја и други предмети.

Четворицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Најнови вести