Мечка угина откако била удрена од патничко возило на автопатот Скопје-Тетово

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Мечка угина откако била удрена од патничко возило на автопатот Скопје-Тетово. Сообраќајната несреќа се случила синоќа, во вечерните часови.

Според МВР, на автопатот Скопје-Тетово, патничко возило „Волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Џ.Д. од Гостивар, удрило во мечка.

На местото на несреќата бил повикан ветеринар од Зоолошката градина во Скопје, кој констатирал дека животното е угинато. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Најнови вести