Меланија Трамп: „Имав убаво детство во комунизмот“

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Првата дама на САД, Меланија Трамп, изјави дека имала многу убаво детство, растејќи во комунизмот во Словенија.

„Растев во комунизам и ништо не ми недостигаше. Родителите ми обезбедија прекрасен живот“, рече таа во интервју за „Фокс-бизнис“.

Нејзината изјава доаѓа во период кога нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, често го критикува комунизмот и ги обвинува дел од демократите и демократските социјалисти дека се „комунисти“. Трамп неодамна изјави дека комунизмот е „систем што губи“ и дека Демократската партија „се претвора во комунистичка партија“.

Меланија Трамп е родена во Ново Место, а детството го поминала во тогашна СФР Југославија. Во САД се преселила во 1990-тите како манекенка, а државјанство добила во 2006 година. Таа вели дека детството ѝ било убаво, но признава дека во тоа време, „требало да внимавате што правите“ и дека животот не бил слободен како денес во САД.

Најнови вести