Мицкоски: Инвестицијата на „Алказар“ отвора ново енергетско поглавје

Премиерот Мицкоски му се заблагодари на инвеститорот што ја препозна Македонија како своја дестинација за водење бизнис и ја искористи приликата да им се заблагодарам на сите заемодаватели коишто го поддржале проектот за од идеја полека, но сигурно да стане реалност.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на Владата зборуваше за соработката со првиот човек на “Алказар Енерџи Партнерс“, Даниел Калдерон.

“Кога се запознавме и кога целата оваа идеја беше на хартија, односно кога сето ова започна со реализација, ние бевме штотуку избрани како нова влада. Малкумина веруваа дека денес овде ќе можеме да ја видиме целата оваа градежна механизација и сето она коешто се гради на потегот на трите општини — Радовиш, Штип и Карбинци.”

Додаде дека владата верувала во идејата, во амбицијата и тоа денеска полека, но сигурно станува реалност.

,,Денеска гледаме десетици градежни машини, би рекол стотици градежни машини, гледаме почеток на инсталирањето на производните капацитети, на ветерниците, гледаме институции коишто партнерски работеа и докажаа дека кога партнерски се работи, позитивниот резултат е неизбежен”, истакна Мицкоски.

Инвестицијата ќе вреди околу половина милијарда долари, а во наредниот период најавени се нови инвестиции.

Мицкоски со порака – за владата врвен приоритет е да поддржува ваков тип „гринфилд“ инвестиции, посебно инвестиции во коишто самиот инвеститор сето она кое што ќе го произведе ќе го продава на слободниот пазар и ќе придонесува позитивно во македонскиот БДП и македонската економија.

“Би сакал уште неколку факти за инвестицијата. Станува збор за неколку стотици работни места, станува збор за нова патна инфраструктура во овој дел од општините низ коишто ќе поминува овој ветерен парк, станува збор за 1 терават час електрична енергија од обновливи извори, тоа е отприлика еден милион мегават-часови, нешто коешто досега е незабележано во нашата историја и нешто коешто, кога сè ова ќе биде реалност, на крајот од годината ќе претставува нето енергетски независна Македонија.За таа цел ќе споменам две работи, два факти коишто се многу значајни. Првата е изјавата на претседателката на Европската комисија, г-ѓа Фон дер Лајен, дадена на бизнис-форумот во 2025 година, којашто вели дека Балканот може да биде хаб преку којшто Европа ќе се снабдува со обновлива енергија.”

Имајќи го предвид развојот на вештачката интелигенција, којшто е неповратен процес, проценките се дека во следните отприлика 14–15 години дополнителната потреба од енергија што Европа ќе ја има е отприлика 1.000 терават-часови електрична енергија. Според Мицкоски, потенцијалот којшто може да го имаме ние како држава да го инвестираме во производни капацитети, а потоа да го произведеме како електрична енергија, е еднаков на 24 терават часови. Тоа можеби само како бројка не значи ништо, но кога сето тоа би се помножило со цената на електричната енергија, би зборувале за бизнис од отприлика 2 милијарди евра годишно, којшто треба да го зголеми македонскиот БДП и да придонесува позитивно во македонската економија, посочи шефот на Владата.

Најнови вести