Премиерот им се заблагодари на сите кои учествуваа на настаните за 35 годишнината од независноста, вели покажавме дека како држава знаеме, можеме и умееме да направиме светско, а да се случува тука во Македонија.
,,Имам лоша вест за сите кои шпекулираa и клеветеа. Лошата вест е дека буџетот, сите настани го чинат нула денари и граѓаните и буџетот и сите настани чинат нула денари, слободно може да проверите на отворени финансии и се е организирано од општествено одговорни компании”, вели премиерот.
Секој денар од буџетот се троши на транспарентен начин, додава Мицкоски.