Влада

Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Нашата определба како држава е јасна и останува непроменета,сакаме да бидеме дел од Европската Унија и посветено работиме на таа цел, порача Претседателот на Владата Мицкоски по средбата со Урсула фон дер Лајен.

Како што рече верува дека дојде време овој процес да добие посилна политичка поддршка од европските институции, но побара фер процес зaснован на правила.

-Ние ги завршуваме нашите обврски и спроведуваме реформи што се очекуваат од една земја, понекогаш навреме, понекогаш и малку доцниме, но сепак ги завршуваме, како земја којашто сака да стане членка на Европската Унија, истакна премиерот.

На средбата се разговарало и за предизвиците што ги имаме во односите со нашиот источен сосед. Мицкоски посочил оти негова желба е тие прашања да се надминуваат низ дијалог, во добра волја и со заемно почитување, додавајќи дека очекува да биде вклучена и ЕУ во овој процес и не бараме од Унијата да заземе страна, бараме да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, обврските ќе важат за сите, а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања, изјави Мицкоски.

-Секое решение мора да создава сигурност дека со неговото исполнување се затвора една фаза и се отвора патот кон следната, без простор за нови толкувања и дополнителни барања. Ако од нас се очекуваат одлуки со долгорочни последици, тогаш е оправдано да очекуваме и јасна европска перспектива за она што следува потоа. Нашата цел не е да го одложуваме процесот, туку да создадеме услови тој конечно да се движи напред на стабилна и одржлива основа.

Најнови вести