Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија на која заедно со неговата сопруга Рози Мицкоска, се
фотографирани со претседателот на САД, Доналд Трамп.
-Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство, напиша Мицкоски.
Фотографијата е направена за време на неодамнешната посета на Мицкоски САД, каде што учествуваше на 81.Генерално собрание на Обединетите нации.
Премиерот, заедно со сопругата, учествуваше на традиционалниот прием на шефови на држави и влади организиран од американскиот претседател за време на Генералното собрание на Обединетите Нации.
Настанот се одржал во хотелот „Лот палас“ во Њујорк и бил затворен за медиумите.