Нашиот кандидат Стојанче Радичевски освои огромно мнозинство на гласови, а разликата во однос на нашите конкуренти од СДС е поголема од 4 спрема 1. На повторените избори за градоначалник на општина Маврово и Ростуше тогаш победивме со разлика поголема од 2 спрема 1, а денес победата во Брвеница е поголема од 4 спрема 1. Иако само пред неколку дена раководството на СДС најавуваше убедлива победа во Брвеница, сепак СДС е декласиран од граѓаните и тоа е важна порака од граѓаните до нивното раководство, рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од партиското седиште.
Упати честитки за граѓаните на Брвеница што овозможиле како што рече уштте една голема победа пред се за нив а потоа и за Македонија.
„Со оглед на тоа дека имаше повеќе кандидати во изборот за градоначалник, многу веројатно е дека ќе има втор изборен круг, каде што како фаворит влегува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, со освоени околу 3.000 гласа, втор е според нашите анализи е кандидатот на ДУИ, со нешто повеќе од 2.100 гласа, а трет е кандидатот на Влен односно Вреди, а четврт е кандидатот на СДС. Независниот кандидат којшто беше поддржан од политичката партија Левица освои околу 50тина гласови. Од волјата на народот нема бегање и тој е неприкосновен судија.
Сакам најнапред да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска го остварија своето право на глас. Благодарност и до сите кои беа вклучени во организацијата и спроведувањето на изборниот процес. Демократијата подразбира натпревар на различни идеи, програми и кандидати. Но, кога ќе заврши гласањето, останува една обврска која важи за сите: да се почитува волјата на граѓаните. И токму од таа волја произлегува политичката порака на денешните избори. Сакам да му честитам на нашиот кандидат, на сите кои работеа посветено во изминатите недели и, пред сè, на граѓаните коишто ни ја дадоа својата доверба“, порача лидерот на владејачката партија.
За Мицкоски пред Брвеница е уште една важна одлука. На 1 ноември граѓаните повторно ќе имаат можност да одлучуваат за иднината на својата општина. Ќе побараме поддршка од сите граѓани на Брвеница. Во овој изборен процес влеговме со јасна програма, со конкретни проекти и со цврста определба да ја продолжиме започнатата работа. И со тие цели продолжуваме и понатаму, рече тој додавајќи дека Брвеница има потреба од нови инвестиции. Од подобра инфраструктура. Од решавање на комунални проблеми. Од повеќе можности за младите и подобри услови за живот во сите населени места. Сакам да нагласам уште нешто.
„Политичките натпревари доаѓаат и поминуваат. Но, луѓето остануваат да живеат заедно. Остануваат нивните семејства, нивните соседи, нивните пријателства и заедничките потреби. Затоа, нашата обврска е јасна. Да се грижиме подеднакво за сите населени места. Да ги решаваме проблемите на секој граѓанин. Да ги исполнуваме преземените обврски. Нашата посветеност кон Брвеница продолжува. Победата е огромна, но и нашите обврски за оваа општина се огромни. Со конкретни проекти. Со одговорност. Со почит кон секој човек. За една Брвеница за сите. Да ја сочуваме силата на единството. Одиме на вкупна победа“. рече Христијан Мицкоски