Мицкоски во Њујорк разговараше со Рубио: Го јакнеме стратешкото партнерство со САД

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Њујорк премиерот Христијан Мицкоски разговарал со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.

Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави, додава шефот на владата.

Според него директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник.

Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери.Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности, напиша премиерот Мицкоски.

Најнови вести