По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, Премиерот Христијан Мицкоски со честитки до сите припадници на бошњачката заедница.
Нашата различност е нашата сила, а заедничкиот живот, меѓусебното почитување и разбирањето се темелите врз кои ја градиме нашата држава.
Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество, со својот богат културен идентитет, традиција и придонес во развојот на Македонија.
Ви посакувам здравје, успех и благосостојба, со уверување дека заеднички продолжуваме да градиме општество на еднакви можности, почит и доверба.
Честит Меѓународен ден на Бошњаците!, стои во пораката од Претседателот на Владата.