Почна изградбата на подземната катна гаража и плоштад во Велес

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Премиерот Мицкоски денеска во работна посета на Велес изврши увид во градежните работи на подземната гаража и плоштадот. Очекува некаде во првата половина на следната година, да се пушти овој објект во употреба и за како што рече да може да го користат велешани и да уживаат во новиот плоштад.

Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме проекти низ општините се разбира, очекуваме првиот и вториот повик конечно оваа година еве да речеме делумно и почетокот на следната година да биде завршен. Преку ЗЕЛС општините имаат инструкција да подготвуваат проекти за следната година. Цениме дека овие проекти донесат резултат, тоа впрочем се гледа и во економската активност на македонските компании, изјави премиерот Мицкоски.

Најнови вести