Влада

Мицкоски: Економските резултати не вбројуваат меѓу најдобрите во Европа

  • 3 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на изградба на автопатот Кичево-Букојчани посочи дека овој проектот којшто го поврзува Охрид со главниот град, со Скопје сега има смисла, но има смисла и целата онаа политика на оваа Влада кога беше избрана во 2024 година, да ја направи земјата раскрсница којашто ќе се темели на четири столба.

-Тогаш почнавме со три столба, но некако како одминуваше времето таа наша цел и тој наш предизвик го проширивме и денеска зборуваме за четири столба, а тоа е: да бидеме раскрсница на два пан-европкси коридори-тоа е Коридорот 8 и коридорот 10 во смисол на патната инфраструктура, железничката инфраструктура, енергетската инфраструктура и гасната инфраструктура.
На тој начин геостратешкото значење на земјата станува навистина нешто коешто претставува поголема можност за сите граѓани, но и претставува предуслов да се развиваат современи индустрии, а државата добива навистина нешто поголемо, поголема додадена вредност кога станува збор со споредбата и компарацијата со годините во минатото, рече во говорот шефот на Владата

Тој посочи декa проектитe се темелат на четири столбови и очекува многу скоро од денеска една делница од автопатот Кичево-Охрид да биде пуштена, тоа е од Извор до Врбјани.

Наредната година најави Мицкоски ќе се пушти во употреба и гасоводот којшто ќе ја поврзе земјава со нашиот јужен сосед, започнати се работите на гасниот интерконектор се работат и автопатските делници и поврзувањата којшто се дел од Коридорот 8 и коридорот 10 Д.

-Првите индикатори во економска смисла се појавуваат, еве после 27, 28 месеци напорна работа, во услови кога имавме уништена држава и во услови кога пред нас се случува епски најголемата криза којашто човештвото ја памети ние успеваме како Влада да извлечеме резултати коишто не вбројуваат во првите држави во Европа. И тука нема да кажам нескромно и покрај фактот што ризикувам дека голем број од политичарите после ова во опозицијата нема да се сложат и ќе се обидуваат да ме исмејуваат кога зборувам за факти коишто се во првите пет во Европа, но јас ќе продолжам да ги повторувам, посочува Мицкоски.

Тој ги соопшти и економските параметри, растот на БДП и бројките за инфлацијата

-Имено, во вториот квартал од оваа година, во 2026 година растот на БДП е 4,3% и е во првите пет во Европа и убедливо меѓу најголемите во регионот, ако не и најголем. Истовремено значајно е да се напомни дека е консолидирана од аспект на трошоците за живот инфлацијата, состојбата во економијата бидејќи во третиот квартал просечната инфлација кај нас е 2,5%, било каде во соседството дали е тоа нашиот јужен, дали е нашиот источен, западен сосед, ќе забележите инфлација којашто е просечна од 5 и повеќе% иако не така одамна не убедуваа дека инфлацијата е двојно поголема од просекот во ЕУ затоа што таа била увезена.Да одиме и чекор понатаму ДЗС излезе со корекција на БДП во 2024 година од 3 на 3,8% што само по себе намалување на долгот од 61 на 57, 4%.
Го задржавме кредитниот рејтинг според сите меѓународни кредибилни рејтинг агенции иако кај сите држави во регионот и во Европа имаме нивелирање во надолна линија, само кај нас останува истиот со тенденција да биде стабилен и да оди нагорна линија, додаде Мицкоски.

Најнови вести