Помеѓу истокот и западот

МНОГУ РАБОТИ ЗАВИСАТ ОД УКРАИНА: Кремљ ќе го разгледува американскиот предлог за мир

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Средбата во Санк Петербург меѓу специјалниот претавник на САД, Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин, почна со гест на добра волја од страна на Русија, која го ослободи Стивен Хабард, кој беше осуден на седум години затвор откако беше ставен во зарвор како војник кој се борел во Украина.

Разговорите се движеа во насока на економските интереси на Вашингтон и Москва, војната во Украина и состојбата на Блискиот Исток. Владимир Путин му понуди помош на Доналд Трамп околу Иран, наведувајќи дека Русија има повеќедецениски добри односи со Техеран. Путин му кажал на Виткоф дека Русија би можела да испорача и големи количества ѓубриво во САД за да им помогне на американските земјоделци.

Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го повика рускиот претседател Владимир Путин да размисли за продолжување на мировните преговори со Украина со посредство на САД и да разгледа нови идеи за ставање крај на војната.

По средбата, Кремљ соопшти дека ќе ги разгледаат американските предлози за мир и дека чекор напред во процесот кон мир е можен, но сепак многу работи ќе зависат од Украина.

На состанокот во Санк Петербург присуствуваа и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, и директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитријев.

Претходно државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека регионот Донбас и натаму е главната пречка за постигнување договор меѓу Киев и Москва.

Најнови вести