МНР: Македонски претставник бил на говорот на Нетанјаху

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Министерството за надворешни работи потврди дека претставник на македонската делегација бил присутен во салата за време на обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Генералното собрание на ОН.

Ова следува откако се појавија информации дека македонската делегација не присуствувала на говорот.

Израелски официјални лица претходно објавија список на 77 држави чии места биле празни, додека дел од делегатите ја напуштиле салата пред почетокот на обраќањето.

Од МНР, сепак, велат дека македонски претставник бил присутен.

Најнови вести