Утре Србија гласа на најнеизвесните избори. Со право на глас се вкупно 6.450.523 граѓани, кои ќе гласаат на 8.392 избирачки места. Од нив, 93 се во странство, во 37 држави.
На вонредните парламентарни избори учествуваат вкупно 18 изборни листи – девет мнозински и девет малцински.
Истиот број листи беше и на претходните избори во 2023 година, но новина овојпат е што гласањето во Србија и во странство ќе се одвива во исто време.
Изборите ќе ги следи меѓународна набљудувачка мисија. Делегација од 20 членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од Пјер Фасино, престојува во Србија од 23 до 26 октомври, заедно со набљудувачи од Парламентарното собрание на ОБСЕ, Европскиот парламент и Канцеларијата за демократски институции и човекови права.
Вишото јавно обвинителство во Белград и шест основни обвинителства ќе организираат засилени 24-часовни дежурства од 25 октомври до 5 ноември.
Според анкети, Александар Вучиќ има солидна предност од повеќе од 7 процентни поени, но друга анкета покaжува дека студентската листа е во водство. Ако се споредат повеќе мерења, најреалната проценка е дека Вучиќ влегува во изборите како фаворит, но исходот се уште е непознат.