Министерството за внатрешни работи во засилена акција на територијата на целата држава насоченa кон откривање и сузбивање на криминалот, особено, недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје.
Во рамки на акцијата, на 16 и 17 октомври биле извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државава.
При претресите биле пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, биле пронајдени и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.