Утрово, околу три часот и 20 минути, во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.