Поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба, утринава е лишен од слобода.
-Денеска (09.09.2026) во 05:35 часот на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 година. Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа Затвор Скопје, информираат од МВР.

Бајрами заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби се меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во Државна лотарија.