МВР со детали: Приведен возач од СОЗР, примил мито со обележани пари

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека бил приведен возач во Службата за општи и заеднички работи која е дел од Владата.

-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единицата за корупција при МВР постапуваше по претходно поднесена пријава од граѓанин, во координација со надлежниот јавен обвинител. Во рамки на преземените мерки и активности, Д.Ц. вработен како возач во СОЗР при Влада на РСМ, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода, велат од МВР и додаваат дека по целосно документирање на случајот до надлежното Јавно Обвинителство е поднесена соодветна пријава.

Најнови вести